Центарот за Иновации, покрај редовно вработените во Скопје, Р. Македонија, со работува со различни консултанти, вработени на пола-работно време, и оперативни партнери ширум целата земја. Различност и силата на овие партнери како индивидуалци и како група го дефинира Центарот за Иновации.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Претседател
Жарко има неколкугодишно работно искуство во спроведување на УСАИД проекти, главно во полето на СДИ (странски директни инвестиции), создавање и раст на старт-ап бизниси, привлекување инвеститори и склучување на инвестициски договори. Тој и самиот е претприемач.
Во Центарот за Иновации, тој е Претседател на НВО, со главна одговорност за прегледување на процесите и менаџирање на инвестициските договори.
Дополнително, тој е проект менаџер на i2BAN Мрежата на Бизнис Ангели.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Проект Координатор
Ана има две години работно искуство во бизнис инкубатор, директна поддршка на старт-ап бизниси основани од млади луѓе. Таа, исто така, има работено во неколку старт-ап бизниси. Во Центарот за Иновации, нејзините активности се поврзани со работата која се одвива ден-за-ден, со имплементација на активностите, поддршка на инвестициските договори и координирање на активностите поврзани со i2BAN Мрежата на Бизнис Ангели.
| | | |








